лествица | ж.

Дрвена преносна скала.

лет | м.

Движење во воздухот со помош на крила; летање. Од прозорецот го гледаше безгрижниот лет на птиците.

лета | несв.

Се движи, патува по воздухот со помош на свои крила, со силата на мотор или на друг начин. Ластовичките летаат на југ. Авионот лета на недозволена висина.

летален | прид.

Што е смртоносен, убиствен. Летална доза.

леталитет | м.

Болеста предизвикува висок процент на леталитет кај домашните животни.

летало | ср.

Машина, направа што служи за летање. Вселенско летало.

летаргичен | прид.

(мед.) Што е болен, што се наоѓа во состојба на летаргија.

летаргија | ж.

(мед.) Болна состојба слична на длабок сон, при што пулсот и дишењето се речиси незабележливи.

летач | м.

Тој што лета. Летач на едрилица.