летва | ж.
Долго, релативно тесно и тенко парче дрво што служи за правење огради, дрвени конструкции итн. Ограда од летви.
лете | прил.
На лето, во лето. Лете одеше на село кај дедо му.
летен | прид.
Што се однесува на лето, што се случува во лето. Летен ден. Летен распуст. Летно кино. Летна гардероба.
летечки | прид.
Што лета.
летка | несв.
Подлетнува, лета по малку. Леткаа роеви бели пеперутки.
летком | м.
летне | св.
Почне да лета, полета. Гулабот летна кон небото.
летник | м.
Народен празник на први март стар стил поврзан со разни обичаи поврзани со доаѓањето на пролетта, врзување мартинки, месење погача, песни и игри и сл. На летник се врзуваат мартинки од бел и црвен конец.
летнина | ж.
Пролетен посев што зрее во лето. Со парите од летнината сакаше да купи уште земја.
летница | ж.
(зоол.) Јалова пастрмка, летна риба што живее во Охридското Езеро, охридска пастрмка; Salmo letnica.