лето | ср.

Најтоплото годишно време меѓу пролет и есен. Летото го помина во странство. Долго топло лето.

летовина | ж.

Мирис на лето. Мириса на летовина.

летовиште | ср.

Место каде што се минува летото, летна куќа.

летово | прил.

Во ова лето. Летово мислам да ја довршам куќата.

леток | м.

Парче хартија на кое се печати пропаганден материјал. За кусо време успеа да растури неколку пакети со летоци.

Летонија | ж.

Држава во Европа.

летопис | м.

Хронолошки запис на историските настани, направен од нивни современик; хроника. Летописот датира од петнаесеттиот век.

летописен | прид.

Што припаѓа, што се однесува на летопис. Летописни белешки.

летописец | м.

Тој што пишува летописи. Летописецот додава и свој коментар за настаните.