летоска | прил.

Минатото лето. Летоска имаше помала раздвиженост во градот отколку сега.

летошен | прид.

Што е од минатото лето. Никогаш нема да ги заборави летошните лудувања.

летува | несв.

Престојува негде во летниот период. Со стадото овци летуваа горе на планина. Летуваше на туѓина.

летувалец | м.

Тој што оди на летување;

летувалиште | ср.

Објект во кој се летува. Детско летувалиште. Планинско летувалиште.

летувалиштен | прид.

Што се однесува на летувалиште. Летувалишни спомени.

летувач | м.

Тој што оди на летување;

летување | ср.

Глаголска именка од летува.

леукемија | ж.

Малигно заболување на органите што ги создаваат крвните клетки, абнормално создавање бели крвни зрнца.

леукоцит | м.

Бели крвни клетки (зрнца).