леунка | ж.

Жена што неодамна се породила, до 40 дена по породувањето; родилка. Седеше до постелата на леунката.

леунство | ср.

Период по пораѓањето. Неодамна беше станата од леунство.

леунче | ср.

Новородено бебе, новороденче.

лечебен | прид.

Што има својство да лекува; лековит. Лечебни зборови.

лечебник | м.

Тој што лекува; Средновековните лечебници лекувале со треви.

лечи (се) | несв.

леш | м.

Човечки или животински труп, тело од умрен. Од реката извадија два леша

лешник | м.

Плод од леска. Печени лешници.