лешников | прид.

Што припаѓа, што се однесува на лешник.

лешникоса се | св.

Се смали, стане мал како лешник. И нему срцето му се лешникоса од жал.

лештарка | ж.

Птица од фамилијата тетреби, се храни со лешници; Tetrastes bonasia.

леѓен | м.

Поголем, обично емајлиран сад со потесно дно и поширок отвор. Го зеде леѓенот за да ја испере кошулата.

лејка | ж.

Едногодишно растение од семејството тикви со плод во форма на круша; Lagenaria vulgaris.

леќа 1 | ж.

Вид градинарско растение со зрнест плод во мешунка; Ervum lens.

леќа 2 | ж.

(анат.) Дел од окото што ја прекршува светлината.

леќе | ср.

Дамка, флека.