лизга | несв.

Движи некого или нешто по мазна, рамна површина. Го лизга детето на санка.

лизгав | прид.

Што има мазна површина, што не создава големо триење. Полека одеше по лизгавиот пат. Дланките му беа испотени и лизгави. Лизгав свилен чаршаф. Ја фати лизгавата коприна.

лизгавица | ж.

Место што е замрзнато и лизгаво; Децата направија лизгавица.

лизгалиште | ср.

Место што е покриено со мраз за лизгање со лизгалки. Целиот возбуден храбро зачекори на лизгалиштето.

лизгалка | ж.

лизгавица_1

лизгар | м.

Права, малку издолжена лопата за копање; дурија. Го зеде лизгарот и почна да копа.

лизгач | м.

Лице што се лизга на лизгалиште; тој што се занимава со лизгачки спорт. На лизгалиштето имаше многу лизгачи. Тој беше најдобар лизгач во категоријата лизгачко трчање.

лизгома | прил.

Со лизгање. Седна на купот сено и се спушти лизгома.