ликвидира | св. и несв.

Врши, извршува ликвидација на дејноста на претпријатие.

ликвидност | ж.

Располагање со готовина, со готови пари.

ликер | м.

Сладок и ароматичен алкохолен пијалак од пречистен алкохол, шеќер, овошен сок и етерично масло. Мента ликер. Чоколаден ликер.

лико 1 | ср.

лико 2 | ср.

Кончест, жилест слој меѓу стеблото и кората на некои дрвја што се користи како материјал за плетење и врзување. Врзи ја лозницата со лико. Липово лико.

ликов | прид.

Што е направен од лико, што се однесува на лико. Ликова кошница.

ликовен | прид.

Што се однесува на област на уметноста во која спаѓаат уметностите како што се сликарство, вајарство и сл. Ликовен израз. Ликовна академија.

ликовно | ср.

Настава по предметот ликовна култура.

ликсур | м.

Тој што ништо не работи, безделничи и мисли само на јадење.

ликува | несв.

Искажува победничко расположение, голема радост, задоволство поради постигнат успех, победа и слично; слави победа, триумфира.