лизинг | м.
Давање под наем средства за производство (машини, апарати, возила итн.) со можност да бидат откупени во определен период.
лизне 1 | св.
лизне 2 | св.
Лизна од сладоледот.
лик | м.
а) Лице (анатомски), изглед на лице, образ. Многу ми е познат тој лик, ме потсетува на некого. Таа имаше девојчински лик. б) Надворешен изглед на човек или животно, на цела фигура. Неговиот подгрбавен лик полека одминуваше.
лика 1 | ж.
Таа ги имаше мајчините очи и мајчината лика.
лика 2 | ж.
ликвидатор | м.
а) (екон.) Лице што врши пресметување и расчистување на сметките во книговодството, сè до ставање во архива. б) Лице што врши ликвидација на движен и недвижен имот на установа, трговско претпријатие.
ликвидаторство | ср.
Опортунистичко настојување на припадник на одредена струја во политичко движење да доведе до ликвидација, до укинување на тоа движење.
ликвидација | ж.
(прав.) Прекратување на дејноста, на трговско претпријатие, установа, организација заради неликвидност, презадолженост итн.
ликвиден | прид.
Што може со приходите да ги покрие расходите во работењето.