ликум | прил.

По лик, со лице. Толку си блед, на испосник си ликум.

лила | прид.

Носеше прекрасен лила фустан. Перуниката имаше прекрасна лила боја.

лилав | прид.

Коприна со лилава боја. Лилаво поле од темјанушки.

Лилонгве | ср.

Главен град на Малави.

лилјак | м.

Мал цицач, сличен на глушец, што има еластична кожа, распната меѓу трупот и предните и задните краци, со чија помош лета; се движи обично ноќно време.

лим | ж.

Тенка метална плоча добиена од ковано или валано железо или од други растегливи метали (бакар, алуминиум и сл.); Во магацинот имаше железни лимови.