Лима | ж.

Главен град на Перу.

лимар | м.

Занаетчија што изработува предмети од лим. Лимарот конечно заврши со ставањето на олукот на куќата.

лимба | ж.

Перче коса, кадрица. Стоеше пред огледалото и ги мазнеше црните лимби.

лимен | прид.

Што е направено од лим. Лимени дувачки инструменти. Падна лимениот олук. Лимена кутија.

лименка | ж.

Лимен сад за индустриско конзервирање пијалак. Лименка кока‒кола. Лименка пиво.

лимит | м.

Граница, утврдена цена, рок, норма, план што не смее да се пречекори; ограничување воопшто што не смее да се помине.

лимитира | несв.

Одредува, утврдува лимит, граница на нешто, ограничува.

лимитирачки | прид.

Што ограничува; ограничувачки. Лимитирачки фактор.

лимон | ж.

Средоземно дрво со месести листови и јајчести светложолти плодови што содржат кисел и ароматичен сок. Исцеди лимон во чајот и го испи.

лимонада | ж.

Освежителен безалкохолен пијалак од лимонов сок и вода. На летниве горештини само чаша лимонада може да те освежи.