лимониче | ср.
лимонлија | прид.
Што има боја на лимон.
лимонов | прид.
Што е од лимон, што се однесува на лимон. Лимонов сок. На шпоретот беа загореле лимоновите кори.
лимонтабиетлија | прид.
Човек со непредвидлив, непријатен, незгоден карактер.
лимонтуз | м.
Лимонова киселина во цврста состојба (ситни кристали).
лимузина | ж.
Луксузен елегантен патнички автомобил. Секое утро се качуваше во црната луксузна лимузина.
лимфа | ж.
Безбојна или бледожолтеникава течност составена од крвна плазма и леукоцити (бели крвни зрнца), која тече низ крвните садови и овозможува размена на материите меѓу крвните садови и ткивото.
лимфатичен | прид.
Што се однесува на лимфа.
лимфен | прид.
Што се однесува на лимфа. Лимфни жлезди. Лимфни јазли.
линар | м.
Слатководна риба од семејството крапови; Tinka vulgaris.