лингвист | м.

Лице што се занимава со проучување на некој јазик, специјалист во областа на лингвистиката.

лингвистика | ж.

Наука за јазикот, проучување на општите законитости во неговото настанување и развој.

лингур | м.

Слаба обработлива земја.

линеарен | прид.

Што се однесува на права линија, што се наоѓа, простира во права линија, линиски. Линеарен наниз на буквите на страницата. Јазичниот текст по својата природа е линеарен.

линее | несв.

Губи свежина, венее (обично за растенија). По полињата житата линееја од големата суша.

линиски | прид.

Што припаѓа, што се однесува на линија_3 Линиска пловидба. Линиски брод.

линија | ж.

(мат.) Реална или замислена црта, која поминува, соединува две точки или е граница од пресекот на две површини. Права линија. Нагорна и надолна линија. Линија на хоризонтот.

линијар | м.

Направа (дрвена, метална, пластична) со означени мерни единици (милиметри и сантиметри) што служи за подвлекување прави линии и за мерење должини. Исцртајте прави со линијар. На шивачката машина имаше креда, линијар и ножици.

линолеум | м.

Непропустлива подна облога, индустриски производ од мелена плута, ленено масло и некои смоли, што се употребува за покривање подови. Скалите беа обложени со чист линолеум намачкан со восок.