линч | м.

Самоволен суд, ѕверска ликвидација без истрага и судење, обично од разјарена толпа народ. Се плашеше од срам, подбив и линч од народот.

линчува | св. и несв.

Извршува линч над некого, казнува со најстрога казна (бесење, каменување, стрелање) на самото место, без судење. Разјарената маса го линчува виновникот.

Лион | м.

Град во Франција.

липа | ж.

Листопадно широколисно дрво, чиишто мирисливи жолти цветови се употребуваат за чај, а корисни се и за пчеларството; Tilia platyphyllos. Од расцутените липи по дворовите се ширеше прекрасна миризба.

липа | несв.

Плаче гласно, силно. Липаше како мало дете, неутешно и силно. Липаше и го молеше да не оди.

липак | м.

Место обраснато со липи, липова гора, шума. Ветрот го дуваше липакот разнесувајќи ја липовата миризба низ целата населба. Дојдов преку липакот.

липало | ср.

Кожинче што го отвора и го затвора влезот на воздухот во гајдата.

липицанер | м.

Расен коњ добиен со вкрстување, (според ергелето во Липица, Словенија).