липне | св.

липов | прид.

Што се однесува на липа. Липов чај. Липово дрво. Миризбата доаѓаше од липовата гора.

липовина | ж.

Липово дрво што се употебува за градба или огрев. Масата и комодата беа од липовина.

липот | м.

Испрекинат, грчовит плач. Силен липот му ја тресеше снагата.

липса | св.

За животно ‒ пцовиса, умре.

липта | несв.

лира 1 | ж.

(муз.) Жичен музички инструмент со три до осум жици. Нежните звуци од лирата уште му одекнуваа во ушите.

лира 2 | ж.

Парична единица во некои држави.

лиризам | м.

Обележје на лирската поезија; лирската, чувствената, емоционалната содржина на едно уметничко дело.