лирика | ж.

Поезија во која се изразуваат личните, интимните чувства и мисли на поетот. Читаше интимна, исповедна лирика.

лиричар | м.

Писател, поет на лирска поезија.

лиричен | прид.

а) Што се однесува на лирика. Лиричен стих. б) Што е исполнет со чувства, емоции. Лиричен тон.

лис | прид.

лиса | ж.

Име на лисица како персонификација, олицетворен лик пред сè во басни и детски приказни. Кума лиса. Се сретнале кума лиса и волчко.

Лисабон | м.

Главен град на Португалија.

лисест | прид.

Што има боја на лисица; црвеникава боја. Лисеста кобила. Човек со лисести мустаќи и брада.

лисец | м.

Мажјак на лисица.

лисина | ж.

Земјиште без вегетација, непошумена месност.

лисица | ж.

(зоол.) Диво, крвожедно животно од родот на кучињата, со голема рунтава опашка и со изразито издолжена муцка; Vulpes vulpes.