лисици | и.

Метални алки со кои се врзуваат рацете на уапсено лице. Му ставија лисици и го приведоа во полиција.

лисичар | м.

Човек што лови лисици.

лисичарка | ж.

Вид неотровна габа погодна за исхрана; Cantharellus cibarins.

лисичин | прид.

Што припаѓа, што се однесува на лисица. Ја издаде лисичиниот глас.

лисичина | ж.

Вид грозје со жолта или црвеникава боја.

лиска 1 | ж.

(мин.) Група силикатни минерали со различен состав, чии кристали се наредени во тенки листови; карпа, слој земја богат со такви минерали.

лиска 2 | ж.

(бот.) а) Плоснатиот, проширениот дел на листот; lamina. б) Еден лист од цвет или билка. Ветрот донесе цветни лиски, црвени и миризливи.

лискавица | ж.

Карпа составена од тенки (како листови) слоеви минерали.

лисне | св.

Пушти, развие листови; разлиста. Лиснаа горите.

лисник | м.

Насечени и исушени гранки сосе лисјето, што служат како храна за добитокот зимно време. Кастреа шума за лисници. Им однесе лисник на козите.