лажго | м.

Тој што лаже; Тој е голем лажго, не верувај му! Патолошки лажго.

лаже | несв.

Кажува лаги, невистини, измислици. Лажеше за да го заштити другарот.

лажен | прид.

Што не е вистинит. Лажно сведочење. Лажно обвинение. Лажна вест. Лажна скромност. Лажна љубов.

лажира | св. и несв.

Намерно намести, мести резултат (обично во спортот) заради некаква полза. Управата го лажира натпреварот.

лажица | ж.

Предмет од прибор за јадење што служи за црпење или сркање течна или кашеста храна. Дрвена лажица.

лажичар | м.

Тој што изработува и што продава лажици.

лажичарник | м.

Место во кујната каде што се чува приборот за јадење.

лажичка | ж.

Дем. од лажица.