логораш | м.
Лице што претстојува во логор.
логорски | прид.
Што се однесува на логор. Логорски оган. Логорски живот.
логорува | несв.
Претстојува во логор. Ова лето логоруваат на планина. Логоруваат блиску до селото.
лоен | прид.
Што е од лој. На масата гореше лоена свеќа.
лоен | прид.
Што излачува лој, што се однесува на лој. Лојни жлезди. Лојни наслаги.
лоеница | ж.
Свеќа направена од лој. Во собата светеше слабо светло од лоеница.
лоест | прид.
Што е заситен со лој, што е мрсен; Пресече од лоестото овчо месо. Сркаше од лоестата манџа.
лоец | м.
ложа | ж.
Посебно ограден дел во театар или во сала за приредби, со засебен влез и удобни седишта, најчесто наменет за угледни посетители. Царска ложа. Седеше во дното на ложата.
ложач | м.
Лице што ги ложи големите печки во фабричките погони, парни котли, локомотиви и други такви слични уреди. Беше ложач на локомотива. Од погонот излезе исцрнетиот ложач.