логаритам | м.

Број што го покажува степенот на кој треба да се дигне основниот број за да се добие бараниот број.

логаритамски | прид.

Што се однесува на логаритам. Логоритамска таблица.

логика | ж.

(филоз.) Наука што се занимава со проучување на законитостите на човековото мислење.

логистика | ж.

Проучување на функционирањето и на условите за работа на техничките средства.

логичар | м.

Човек што се занимава со изучување на логиката; научник по логика.

логичен | прид.

Што припаѓа, што се однесува на логиката. Логична последица.

лого | ср.

Карактеристичен знак на претпријатие, фирма, установа или манифестација, обично од стилизирани букви.

логопед | м.

Лице што работи врз отстранување на говорните нарушувања или недостатоци; специјалист по логопедија.

логопедија | ж.

Наука што се занимава со проучување и лекување на говорните мани.

логор | м.

Место каде што привремено престојува некаков колектив (војска, извидници, спортисти, работници на изградба на некои објекти) обично под шатори. Воен логор. Извиднички логор. Цигански логор.