ложач | м.

Лице што ги ложи големите печки во фабричките погони, парни котли, локомотиви и други такви слични уреди. Беше ложач на локомотива. Од погонот излезе исцрнетиот ложач.

ложи 1 | несв.

Става облоги на болно место. Цела ноќ го ложеше детето со ладни облоги. Го ложеше удреното место со кромид и сол.

ложи 2 | несв.

Пали оган, става дрва во печка и сл.

ложник | м.

Черга од волна, козина или од коноп што служи за покривање. Легна и се покри со ложникот. Отиде да го доткае ложникот.

лоз | м.

Лотариски лист. Отиде во лотаријата да купи лоз. Продавач на лозови.

лоза | ж.

Повеќегодишно дрвенесто растение што дава зрнести плодови ‒ грозје; Vitis vinifera. Винова лоза. Дива лоза. Седевме под шарената сенка на лозата.

лозанка | ж.

лоза_1

лозар | м.

Човек што се занимава со лозарство. Лозарот ги кроеше лозниците.

лозарство | ср.

Земјоделска гранка што се занимава со одгледување винова лоза.