лозинка 1 | ж.

Лозова прачка. Во огништето имаше наредено лозинки и дрва. Бујноста на лозите зависи од количеството на лозинките. Се крои горната лозинка.

лози се | несв.

Се вие како лоза, расте во долги гранки како лоза. Бршленот се лози по оградата.

лозиште | ср.

Место каде што некогаш имало лозја. Беше скриен во старото лозиште.

лозје | ср.

Земјиште засадено со винова лоза. Отидоа на лозје. Лозјето го копаа и режеа напролет.

лозница | ж.

Винова лоза што се вие на леса и друго. Застана под разлистаната лозница. Тремот беше обраснат со лозници.

лозов | прид.

Што се однесува на лоза, што е од лоза. Лозов лист. Лозова ракија. Лозови ветки.

лозунг | м.

Договорен знак, таен збор што служи за распознавање; лозинка;