ломиште | ср.
Место со исечена шума и камењар. Се протнуваше низ ломиштата од гранки и струполени буки.
ломот | м.
Звук што се слуша при ломотење. Од училницата се слушаше ломот.
ломоти | несв.
Постојано зборува, многу зборува, обично за безначајни работи. Ломоти глупости. Ломоти сè и сешто.
Лонг Ајленд | м.
Остров во составот на Њујорк, САД.
лонгета | ж.
Направа од цврст материјал што служи за имобилизација на повреден дел од телото.
Лондон | м.
Главен град на Велика Британија.
лонец | м.
Голем и длабок валчест емајлиран сад со една или со две рачки од страна, што служи за готвење или чување храна. Црпеше манџа од големиот лонец. Лонец со маст.
лонче | ср.
Мал и длабок валчест емајлиран сад, што служи за црпење или подгревање течност. Со лонче црпеше вода од котелот. Испи едно лонче млеко. Го стави лончето со млеко на огнот.
лонџа 1 | ж.
Управа на еснафско здружение. Отсекогаш ја почитувале управата на лонџите.
лонџа 2 | ж.
Вид детелина што служи за исхрана на добитокот. Ја искоси лонџата. Им даде на кравите лонџа.