лумпува | несв.

Го поминува времето пиејќи и бучно веселејќи се. Лумпува до утро. Цела ноќ лумпуваа по кафеаните.

лумпувач | м.

Тој што лумпува. Голем лумпувач е тој.

луна 2 | ж.

Назив за месечина. Жолта луна. Златна луна.

лунав | прид.

луњав.

лунапарк | м.

Детски забавен парк на отворен простор, опремен со тобогани, вртелешки, нишалки, автодроми и друго. Секоја недела со децата одиме во лунапарк.

лунен | прид.

Лунен зрак. Лунена ноќ.

лунѕа | несв.

Талка, скита.

луничав | прид.

За човек ‒ што е избувлив, што лесно се разлутува, се кара. Луничав маж. Луничава невеста.