миоцен | м.

Една од геолошките формации во терцијалниот период.

мир 1 | м.

Состојба без возбудување, спокој, спокојство. Душевен мир. Мир и тишина.

мир 2 | м.

Свет.

мираз | м.

Имот што го донесува жената кај мажот во бракот. Го подготви миразот на ќерките.

миразлика | ж.

Таа што има, што носи мираз во бракот.

мирба | ж.

Смирување, помирување.

мирен | прид.

Што е спокоен, смирен, тивок, послушен. Мирни деца. Мирно време.

мири | несв.

Помирува, смирува. Ги миреше раскараните жени.

миризба | ж.

мирис.