момчак | м.
Млад, неоженет човек; Син му пораснал, станал момчак.
момче | ср.
Дете од машки пол. Мало момче. Две момчиња си играа во дворот.
момчетија | ж.
Момци; дружина, група од момчиња.
момчешки | прид.
Што се однесува на момче, својствен на момче. Момчешки соништа. Момчешки желби. Момчешка снага. Момчешко лице.
момчештво | ср.
Период на младост, додека е човек момче. Момчештвото му помина во осаменост.
момчок | м.
Монако | ср.
Град и мала држава во Европа.
монарх | м.
Тој што владее во монархија; владетел. Се обратил до монархот. Во дворците на монарсите.
монархизам | м.
Систем на монархиско владеење; политичко движење за заштита на монархијата, приврзаност кон монархискиот систем.
монархиски | прид.
Што се однесува на монархија, својствен на монархија. Монархиски систем. Монархиски апсолути