мраморец | м.

Опашест водоземец кој живее во слатките води; Gammarus fluviatilis.

Мраморно Море | ср.

Море помеѓу Егејското и Црното Море.

мрачева | ж.

Темнина.

мрачен | прид.

Исполнет со мрак, темен. Мрачен тунел. Мрачна визба. Мрачна ноќ. Мрачно море. Мрачна шума. Мрачна пештера.

мрачи се | несв.

безл. Се спушта мрак, се стемнува. Се мрачи. Се мрачеше над езерото.

мрачина | ж.

Мрак, темнина. Во крчмата беше матна мрачина. Светлоста од ламбата одвај ја пробиваше мрачината.

мрачка | ж.

Слаб мрак. Децата играа на сокакот до првата мрачка.