мрачнина | ж.

Мрак, темнина. Народното творештво му овозможило на народот да истрае низ мрачнините на вековите.

мрачно | прил.

Темно. Во салата беше мрачно.

мрачност | ж.

Состојба и особина на тој што е мрачен, на тоа што е мрачно; нерасположеност, намуртеност. Ја памети мрачноста на мајка му. Мрачност и мраз си носеше во душата.

мраќава | ж.

Мрак, темнина. Сè живо се морничави во мраќавата.

мрва | ж.

Ситно парче од леб или од друга цврста храна; трошка.

мрва се | несв.

мрглав | прид.

Матен, темен (за време).

мрглави се | несв.

Се мати (времето). Времево нешто се мрглави.

мрда | несв.

Прави кратки движења со нешто. Мрда со рацете. Ги мрда рамената. Усните му мрдаа, но глас не излегуваше од нив. Стариот не мрдаше со ништо. Мрдаше со опавчето.

мрдалка | ж.

Изговор. Само наоѓа рачки и мрдалки.