мрдало | м.
Тој што мрда; тој што избегнува обврски;
мрдач | м.
мрдање | ср.
Глаголска именка од мрда.
мрднат | прид.
Ненормален, луд. Го сметаа за мрднат. Таа си беше мрдната.
мрдне | св.
Се помести. Не смее да мрдне. Чекаше без да мрдне. Нешто мрдна во грмушката. Мрдна со усните. Не можеше да мрдне.
мрее | несв.
Престанува да живее; умира, гине. Дојде време да се мрее. Да мрееме како што се мрее.
мрежа | ж.
Предмет од вкрстени нишки, конец, жица и сл., обично исплетен на еднакви окца. Плете мрежа. а) Направа од цврст конец која служи за ловење (риби, птици, дивеч, пеперутки и др.). Рибарска мрежа. Мрежа против комарци. Ѕверот се фати во мрежата. Мрежите се наполнија со најразлични птици. б) (спорт.) Преграда која ги разделува двете половини од просторот за играње; завеса на голот што ја задржува топката. Топката ја затресе мрежата. в) Замка од нитки на пајажина со чија помош пајакот го лови пленот. Пајакова мрежа. г) Назив за други разни предмети направени на таков начин. Мрежа за спиење. Престана да спие во мрежата. Носеше мрежа со нешто завиткано во неа. Во рацете носи мрежа со леб. Ја пресече телената мрежа и влезе во дворот. Косата ѝ беше собрана во свилена мрежа.
мрежав | прид.
мрежар | м.
Човек што прави мрежи.
мрежен | прид.
Што се однесува на мрежа. Мрежно поврзување.