мрцка | несв.
Мрда по малку. Јазичињата нивни мрцкаа. Од печката мрцкаат црвени јазици.
мрцкало | ср.
Тој што мрцка, несигурен човек, превртливец.
мрцкач | м.
мрцлав | прид.
Без цврстина, млитав. Сланината беше мрцлава.
мрцне | св.
Мрдне. Песот мрцна со опашката.
мрчка | несв.
мрша | ж.
Тело на умрено животно, умрено животно; мртво тело воопшто. Орли се собраа на мршата. Касапот ги закачи закланите мрши за да го покаже убавото месо.
мршав | прид.
Неисхранет, слаб. Мршав човек. Мршава снага. И се тресеа мршавите раменици. Болеста ја правеше сè помршава. Мршав добиток.
мршоли | несв.
мршојад | м.