набљудувач | м.
Тој што набљудува.
набљудувачки | прид.
Што се однесува на набљудување, на набљудувач. Набљудувачки дух. Набљудувачка мисија. Набљудувачко место.
набљудувачница | ж.
Место или објект од кој се врши набљудување. Артилериска набљудувачница.
наваби | св.
Повика кон себе, намами (за домашни животни).
навади 1 | св.
Извади многу нешта. Навади разни ситници од чантата.
навади 2 | св.
Полее, тури вода врз нешто. Ги навади цвеќињата. Го навади дворот.
навака | прил.
навакса | св.
Успее да заврши некоја работа до определено време. Треба да наваксаме со копањето додека не заврнало.
навал 1 | м.
Мешаница, множество луѓе. Немаше многу навал, па брзо наполнивме вода.
навал 2 | прил.
Во составот: од навал – не вистински, со преправање. Се разболел од навал. Се искашла од навал.