набрсти се | св.

Брсти доволно, до наситување.

набрчка | св.

Добие брчки. Се налути и го набрчка челото како старец.

набуеност | ж.

Состојба на тоа што набуило.

набуи | св.

Бујно порасне, нарасне. Снагата му набуи. Набуени гради. Набуила тревата. Набуија реките.

набута | св.

Со бутање, со туркање втера, внесе. Сè што најде набута во торбата. Ги набутаа во едно сопче.

набуца се | св.

Се буца доволно, многу, до определен момент (за рогати животни). Козите се набуцаа и се разбегаа.

набуцка | св.

Наговори, поттикне на нешто лошо, Ги набуцка да се скараат.

набучува | несв.

Бучи по малку, слабо. Телевизорот набучува, ќе се расипе.