навала 1 | ж.

Навалица, наплив на големо множество луѓе. Навала од гледачи. Навала од туристи.

навала 2 | св.

Вала доволно, големо количество; вала.

навален | прид.

Што се однесува на навалата, што е од навалата. Навална линија. Навален ред. Навални играчи.

навали 1 | св.

Настрани, наведне на една страна. Го навали коритото да го истури.

навали 2 | св.

Запали оган, стави дрва и сл. на оган. Навали оган. Навали го огнот да не угасне. Ја навалил фурната. Навалила котел за перење.

навалица | ж.

Голема толпа луѓе, турканица, мешаница. Навалица од патници. Од навалица не се влегува.

наваличе | ср.

Вид шумско растение, папратка; Aspidium filix.

навалка | св.

Извалка малку, на некое место. Ја навалка книгата. Го навалка килимот со чевлите.

наваму | прил.

Во просторот – во правецот на лицето што зборува, кон него, кон неговата страна, кон неговата средина. Дојди наваму. Белки болеста нема да се прошири наваму.

навапса | св.

Вапса многу, големо количество. Навапса предено за цела година да плете.