насмешлив | прид.
Потсмешлив, подбивен. Насмешлив одговор. Насмешлива забелешка.
насмешливец | м.
Тој што сака да се потсмева, да се подбива.
насмоли | св.
Намачка со смола.
наснова | несв.
наснове | св.
Сновејќи, приготви доволно основа за ткаење.
наснопи | св.
Врзе ожнеано жито или нешто друго во снопови.
насобере | св.
Собере во голем број, во големо количество. Ги насобра децата од населбата. Насобраа дрва.
насока | ж.
Правец на движење или на некое друго дејство. Едни возеа во насока на аеродромот, други обратно. Во далечината на реката се нишаа чунови чијашто насока не можеше да се определи.
насолзи | св.
Предизвика солзи кај некого. Кога му кажа што се случи, длабоко го натажи и го насолзи.
насоли | св.
Стави сол, осоли нешто колку што е потребно, доволно. Ги насоли рибите. Го насоли сирењето.