настави | св.

Стави, намести повеќе предмети. Наставиле маси, столови по тротоарите, нема каде да се помине. Настави дрва и го запали огнот.

наставка | ж.

(лингв.) Формообразувачки или зборообразувачки дел од зборот што стои по основата; суфикс.

наставник | м.

Тој што изведува настава.

настамени | св.

Намести, стави, постави нешто. Убаво настамени ја масата да не се мрда.

настан | м.

Важно случување, факт, појава во општествениот или во личниот живот. Светски настан. Историски настан. Културен настан. Трагичен настан.

настане | св.

Настапи, стане, се случи нешто. Кога сè било готово, настанала караница меѓу двајцата. Промените што настанаа ја подобрија положбата. Настана голема мешаница меѓу луѓето. Настана црна темница.

настани | св.

Смести некого некаде (во стан, во живеалиште). Волјата божја е гладен да нахраниш, бездомен да настаниш.

настанок | м.

Почеток на постоење, настанување, создавање. Првата книга од Библијата зборува за настанокот на светот.

настап | м.

Силно, нагло надоаѓање, појава на нешто (болест, расположение, војски и др.). Настап на лудило.

настапи 1 | св.

Стапне, згазне на нешто, нагази. Внимаваше да не го настапи босиот до него. Му се стори како да настапил змија.