настрвен | прид.
Што е навикнат на стрв. Настрвен волк. Настрвена мечка.
настрви | св.
Навикне некого на стрв, наостри за напад (обично за куче, пес). Го настрви кучето, никој во двор не може да влезе.
настрешница | ж.
настриг | м.
Количество острижена волна од една овца.
настриже | св.
Остриже извесно количество волна и сл. Одвај настригов една вреќа волна. Настригов колку што не се надевав.
настроен | прид.
Расположен за нешто; што е во некакво расположение. Не сум настроен за разговор. Пријателски настроен.
настроение | ср.
Душевна состојба, расположение. Добро настроение. Весело настроение. Лошо настроение.
настрои | св.
Доведе некого во некакво настроение. Убавото ветување ги настрои да ја продолжат работата.
настројба | ж.
Настроение, расположение.
наструже | св.
Со стружење добие извесно количество нешто. Наструга малку кора од лимон.