натрга | св.

Направи доволен број бразди, трапови и сл. Натргај трапови да го насадиме расадот.

натресе | св.

Со тресење дрво, гранки направи да паднат доволно количество плодови (јаболка, сливи и др.).

натреска се | св.

(разг.) Се напие до опивање, се налока алкохолен пијалак, се опие.

натрива | несв.

натрие | св.

Истрие доволно, колку што е потребно;

натриум | м.

Хемиски елемент, мек сребреникавобел метал; симбол Na.

натркала | св.

Со тркалање надонесе, натрупа нешто. Натркала куп камење.

натронта | св.

Наоблече премногу некого. Ги натронта децата одвај да одат.

натропа | св.

Изнакаже премногу неважни работи, сè и сешто.

натроши | св.

Направи, растури трошки. Си натрошил на килимот.