натрупа | св.
Собере нешто на едно место во големо количество. Сè што имаше непотребно натрупа во дворот за фрлање.
натруфеност | ж.
Обележје на тоа што е натруфено; се.
натруфи се | св.
Се накити, се нагизди премногу, без вкус.
натрча | св.
За множество – со трчање стигне, се насобере. Натрчаа да видат што има. Натрчаа да го гаснат огнот.
натсвири | св.
Свири повеќе, поубаво од друг, во свирење надмине некого.
натскока | св.
Скокне повеќе од друг, подалеку, повисоко; во скокање надмине некого.
натслој | м.
Слој што лежи над претходните слоеви.
натстрешник | м.
Продолжена стреа над врата, прозорец и др.
натстрешница | ж.
натстрешник_1
наттрча | св.
Во трчање престигне, победи некого.