натупа се | св.

Премногу изеде, се прејаде, се нагнете.

натура 1 | ж.

Природа.

натура 2 | несв.

натурален | прид.

Што се однесува на природата, природен. Натурален живот. Натурален развиток.

натурализам | м.

Правец во литературата и уметноста, од втората половина на XIX век, кој во уметничката постапка ги применува методите на проучување на природата, не воздржувајќи се и од многу груби описи и сцени.

натурализација | ж.

Примање странски државјанин или лице без државјанство во државјанство на една држава.

натурализира | св. и несв.

Даде, дава државјанство на странец.

натуралист | м.

Творец што во создавањето на уметничките дела го следи натурализмот.

натуралистички | прид.

Што припаѓа, што се однесува на натуралист, натуралистка.

натури | св.

Тури течност врз нешто, полее. Турајќи вино, го натури чаршафот.