неблаготворен | прид.
Што не е благотворен, неповолен, штетен.
небо | ср.
Атмосферскиот и вселенскиот простор што се гледа од Земјата во вид на свод. Ведро небо. Сино небо. Ѕвездено небо.
неборец | м.
Воено лице што не е вклучено во борбена единица, а е определено на помошна, неборбена должност (припадник на административна и заднинска служба) и граѓанско лице кое придружува вооружена единица (санитет, свештеник и сл.).
небосвод | м.
Небесен свод, небо.
небосклон | м.
Дел од небото над хоризонтот.
небран | прид.
Што не е обран (за лозје, родни дрвја и др.).
небрат | м.
Тој што не е брат некому. Биди брат со брат и со небрат.
небрежен | прид.
Што не посветува нужно внимание, не се грижи за својата работа. Небрежен ученик.
небричен | прид.
Што не е избричен. Уморните и небричени мажи потсетуваа на разбиена војска.
неброен | прид.
Што не е изброен. Му ги даде парите неброени.