навитка | св.

Навие, намота околу нешто; Го навитка водилото околу роговите. Ја навитка ортомата на самарот. Старицата навиткуваше предено во клопчиња.

навјак | м.

Според народното верување, мртвородено, некрстено дете што доаѓа по душата на болниот.

навлажи | св.

Направи нешто да стане влажно, натопи во течност. Ја навлажи крпата со рака и му ја стави на гради. Ја навлажни малку кошулата за да ја испегла.

навлака | ж.

Облога од ткаенина, кожа и сл. за перница, јорган, фотелја и др.

навласи | св.

Со гребни расчешла, обработи коноп.

навлачи | св.

Влачи (волна, лен) во определено или во големо количество.

навлезе | св.

Влезе подлабоко во некоја средина. Навлегоа во густата букова шума. Навлегол меѓу грмушките.