навлече | св.
Надонесе многу со влечење или на друг начин. Навлековме гранки и запаливме голем оган.
навнатре | прил.
Повнатре, подлабоко во некоја средина. Одевме навнатре во пештерата.
навоѓа (се) | несв.
навод | м.
Точно пренесени искажани или напишани зборови; цитат.
наводени | св.
Испрска, натури со вода. Внимавај, ќе ги наводениш книгите. Си ги наводенил панталоните и чорапите.
наводни | св.
Полее, натопи со доволно количество вода плодна почва. Уште рано ја наводни градината.
наводници | и.
Знак од две двојни запирки („ ... “) меѓу кои се наведуваат цитати, наслови и сл.
наводно | прил.
Како што се зборува, божем. Наводно му понудиле раководно место. Наводно студирал во странство.
навози | св.
Надонесе многу нешто со возење. Навози дрва за цела зима.
навозли се | св.