навој | м.

навивалка.

навотка | св.

Вотне многу нешта. Навотка сè што најде во торбата.

наврапит | прид.

Што избрзува, премногу пргав. Чуварот беше наврапит, своеглав и поработлив од сите.

наврат | м.

Навраќање, повторување на иста постапка. На неколку наврати им испраќаа помош. Во првиот наврат не најде ништо, а во следните три наврати најде по два ракописа. Сакаше уште при првиот наврат да ги изненади со нешто.

наврати | св.

Намине, посети, обично на кусо време. Утре ќе навратиме кај тебе. Неколку месеци никој не навратил кај нас. Наврати во дуќанчето да купи нешто.

наврви | св.

Помине, се упати некаде. Пред малку наврви кон црквата.

навре 1 | св.

Вовлече, втера во нешто тесно. Прстенот што го навре не можеше да го извади. Одвај ги навре прстите во ракавиците.

навре 2 | св.

Надојде, исполни, обземе. Солзи му навреа на очите. Силна тага му навре во душата. Не можев да најдам одговор на прашањата што ми навираа. Тешки спомени навираа во душата на стариот мајстор.

навреда | ж.

Зборови или постапка со кои се нанесува неправда, се урива достоинството, честа. Тие зборови за него навистина беа тешка навреда.

навреден | прид.

Што доживеал, на кого му е нанесена навреда;