навреди | св.
Нанесе навреда некому. Тој збор многу го навреди и го налути. Кажи ѝ, но гледај да не ја навредиш.
навредлив | прид.
Што предизвикува навреда, што навредува. Навредливи зборови. Навредлив прекар.
навредувачки | прид.
наврека се | св.
За животно (коза и др.) – врека многу, долго време до престанување.
наврекнато | прил.
Со лутина, грубо. Наврекнато му одговори.
навреме | прил.
Во договореното, во определеното време, кога треба, кога е погодно време. Дојде токму навреме. Навреме ги заврши студиите. Навреме се ожени. Навреме го заврши сеењето. Навреме заврна.
навремен | прид.
Што е навреме. Навремен почеток. Навремено решение. Навремен одговор. Навремено плаќање.
навреми | св.
Дојде време некому за нешто. Навремил за женење. Навремила за раѓање.
наврзалка | ж.
врзалка.
наврзе | св.
Врзе едно на друго. Наврзи го каде што се скина.