наврзалка | ж.

врзалка.

наврзе | св.

Врзе едно на друго. Наврзи го каде што се скина.

наврзница | ж.

(обично во мн.) а) Излишни зборови, зборување што било (при озборување, расправија и сл.). б) наречница_1

наврнат | прид.

Накиснат од врнеж, од дожд.

наврне | св.

Заврне, напаѓа многу дожд, снег. Овој месец наврна многу дожд. На планинските врвови веќе наврнало снег.

наврти | св.

Впери оружје. Му ја наврти пушката. Топовските цевки ги навртија кон горните куќи на селото.

навртка | ж.

Машински елемент обично во форма на шестострана призма со отвор што е во внатрешната страна спирално нажлебен.

наврши 1 | св.

Договори свршувачка на момче или на девојка.

наврши 2 | св.

Врши жито во определено или во големо количество.