несвест | ж.
Во составот: во несвест – состојба на изгубена свест. Паднал во несвест. Кога го видов, беше во несвест.
несвестица | ж.
Состојба на изгубена свест кога човекот не владее со функциите на телото; несвест.
несвојствен | прид.
Што не е својствен за некого или за нешто. Несвојствена постапка за него. Несвојствена појава за овој дел од годината.
несврзан | прид.
Неповрзан, нејасен, бесмислен. Несврзани мисли. Несврзана реченица.
несврзлив | прид.
Што не може да се сврзе, да се поврзе во една целост.
несвршен | прид.
Што не е свршен, завршен. Несвршена работа.
несе | несв.
За кокошка, за птица – дава јајца. Кокошката несе јајца.
несебичен | прид.
Што не е себичен, што не мисли само на својот интерес, што не е егоист. Несебичен пријател. Несебична помош.
несекојдневен | прид.
Што се случува ретко; редок, необичен. Несекојдневен настан.
несериозен | прид.
Што не е сериозен; Несериозен предлог. Несериозен план.