несесер | м.
Куферче или кутија, торбичка со неопходен прибор за тоалета, за шиење и други потреби.
несетно | прил.
Без да се сети, без да може да се сети, да се забележи. Несетно накривува. Несетно му затрепери раката. Патот несетно се претвори во градски плочник.
несигурен | прид.
Што не е сигурен, на кој не може да му се верува. Несигурни скали. Несигурен превоз. Несигурен купувач.
несилка | ж.
Кокошка што несе доволно, редовно или што се чува, што е наменета за несење.
несиметричен | прид.
Што не е симетричен; Несиметрична фигура.
несимпатичен | прид.
Што не е симпатичен; Несимпатичен изглед.
нескромен | прид.
Што не е скромен, што не се одликува со скромност. Нескромен човек. Нескромна желба. Нескромни барања.
нескротен | прид.
Што не е скротен; Нескротено животно. Нескротена младост. Нескротена река. Нескротени чувства.
нескротлив | прид.
Што не може да се скроти, да биде скротен, што останал див. Нескротливо животно. Нескротлив лав.
нескршлив | прид.
Што не може да се скрши. Нескршлива чаша. Нескршливо стакло.