нагние | св.

Стане малку, делумно гнил, почне да гние. Горниците се јадат кога ќе нагнијат.

нагниен | прид.

Што почнал да гние, што е делумно гнил. Нагниено јаболко.

нагнои | св.

Стави, фрли гној на нива, на обработливо земјиште, наѓубри со гној. Ја нагноивме добро нивата. Овците лежеа на нивата, добро ја нагноиле.

наговара | несв.

наговор | м.

Поттик со зборови нешто да се направи, наговарање;

наговори | св.

Со зборови, со говорење поттикне некого на некаква постапка, да направи нешто. Го наговори брата си да ја продадат куќата.

нагоди | св.

Намести на соодветно место, уреди, дотера. Не можам да го нагодам овој дел. Го нагоди нишанот на пушката за поголема далечина. Стана, си ја нагоди облеката и излезе.

нагодувачка | ж.

(само едн.) Нагодување; нагоди.

нагол | прид.

Што се јавува, што се случува многу брзо, ненадејно, без постапност. Нагол пад од првото на последното место. Нагла промена. Нагло поскапување. Наглото претворање на игралиштето во пазариште сите ги изненади. Нагли социјални промени.