нишалка | ж.

Префрлена ортома на гранка, приспособена со седало за нишање, обично за Ѓурѓовден.

нишало | ср.

(физ.) Тело одбиено од цврста точка, кое може да се ниша под влијание на гравитацијата.

нишан | м.

Белег, знак. Имаше некаков чуден нишан на раката.

нишани | несв.

Бара цел, насочува оружје со помошта на нишан кон целта. Нишанеше долго и нерешително го одлагаше пукањето.

нишанлија | и.

Што има некаков нишан, белег на себе.

нишанџија | м.

Во артилеријата – тој што нишани.

нишесте | ср.

Брашнеста маса што се добива од зрното на житата и од коренот на некои растенија; скроб.

нишка 1 | ж.

Нешто што е тенко како конец. Сребрена нишка. Златна нишка.

нишка 2 | несв.

Полека, слабо ниша. Слушаше молчеливо, нишкајќи го детето.

нишне | св.

Заниша малку. Ја нишна гранката да падне снегот.