ништелка | ж.
ништи 1 | и.
Дел од разбојот низ кој се провлечени нишките и со кој тие се движат нагоре-надолу при ткаењето.
ништи 2 | несв.
За ништи на разбој – навива, воведува ништи.
ништи 3 | несв.
Прави некој или нешто да не суштествува, уништува, сотира, искоренува. Многу брзо ја ништеа тревата. Имаше и такви што им ги ништеа гнездата на птиците.
ништо | зам.
Ниеден предмет, ниедна појава, настан; нешто. Ништо не се скрши. Ништо не падна. Ништо не купив. Ништо не сака. Во ништо не се меша. До ништо не се допрел. За ништо не мисли. Од ништо не се плаши. Со ништо не се фали.
ништовен | прид.
Што нема важност, што престанал да важи. Ништовен договор.
ништоверец | м.
Тој што не прифаќа, не признава ниедна вера, безверник; атеист.
ништожен | прид.
Сосема мал, незначителен; безначаен, неважен, безвреден. Ништожна заработувачка. Ништожна помош. Ништожен дел. Ништожно учество. Ништожен придонес.
ништожество | ср.
Безначајност, безвредност.
ништожник | м.
Ништожен човек. Не ќе најдеш меѓу нив чесен човек – само лажливци, лицемери, ништожници.